Членови на Независната советничка група „Охрид има План Б“ денеска присуствуваа на големиот црковно народен собир во црквата во туристичката населба „Лагадин“, а по повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.
Посакаа многу здравје, успех и среќа за сите жители на Охрид.
Љупчо Патче од Охрид ја изгради оваа црквата по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон четирите маченички и молејќи се за здравје и благосостојба на нивните блиски.