Кандидатот за советник од независната листа „Охрид има План Б“, Мевља Шазиман за време на престојот во Турција, ја посети и Претседателката на Здружението на жени и демократија на Турција, КАДЕМ, г-ѓа Салиха Окур Гумруклиоглу.

– Би сакала да им се заблагодарам на моите драги сограѓани за нивната добрина, топли и искрени разговори и поддршка, вели Шезиман.

May be an image of 4 people and people standing

Инаку Шазиман, доби поддршка и од Партијата на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган. Таа за време на работната посета се сретна со пратеничката од Партијата на правдата и развојот (АКП), Саре Ајдин, која што важи за една од влијателните жени во Турција и близок соработник на Ердоган.

При тоа во топла и срдечна атмосфера разговараа за престојните локални избори во Македонија, како и за учеството на жената во политиката.