Имаме предлог како да се олеснат давачките на угостителскиот сектор, но и како да добијат поддршка занаетчиите и малите бизниси.

Охридскиот регион мора да се развива во атрактивна туристичка дестинација. Ќе направиме се да се адаптираме на новите потреби на туристите.

Како независна советничка листа „Охрид има Pлан Б“, ќе се залагаме за отворање на нов сектор за надворешна туристичка политика на Охрид од каде стручни лица ќе ја водат политиката кон меѓународниот туристички пазар. Ќе работиме на ефектуирање на екосистемските услуги на самиот Охридски регион кои можат да носат огромен прилив на финансии.

Охрид може да се развива само со обединување на бизнисот и интересот на граѓаните.

Предлагаме, а знаеме како да се поткрепи секторот, ќе бараме субвенционирање на некои од услугите во функција на туризмот (таксисти, бродари…), имаме начин како да се олеснат давачките на угостителскиот сектор, но и како да добијат поддршка занаетчиите и малите бизниси.

„Охрид има План Б“, ние знаеме како….