Кандидатот за советник од независната листа „Охрид има План Б“, Мевља Шажиман, доби поддршка од Партијата на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган.

Во градот Ајдин, Шазиман се сретна со претставници од владејачката партија во Турција, при што во топла и срдечна атмосфера разговараа за престојните локални избори во Македонија и за учеството на жената во политиката.