Развојот на туризмот е најзначаен за Охрид. Охрид треба да биде рамо до рамо со сите светски метрополи, но при тоа да има понуда за сите гости и оние кои сакаат елитен одмор, но и оние кои сакаат нешто што немаат – рурален одмор од соништата.

Секако најзначајно во овој развој е контрола и намалување на влијанието врз животната средина и културното наследство.

Многу е значајно да признеме дека намалениот број на туристи во нашиот град, не е само последица на пандемијата туку на долгогодишната анемија за прилагодување на новите туристички трендови.

Ние од независната листа „Охрид има план Б“, сметаме дека локалната треба да направи адаптирање на новите потреби на туризмот и како даватели на услуги и на туристите како приматели на услуги. Ние ќе бараме инвестирање во меѓународниот туризам каде што сметаме дека Охрид треба да има свое место. Ќе бараме отворање на нов сектор за надворешна туристичка политика на Охрид од каде стручни лица ќе ја водат политиката кон меѓународниот туристички пазар. Исто така ќе воведеме брендирање на производите и услугите од Охридскиот регион преку издавање сертификат дека тие услуги и производи доаѓаат од заштитен и меѓународно признат Биосферен резерват. Тоа ќе ја зголеми вредност на Охрид на меѓународниот пазар.

„Охрид има план Б“, ние знаеме како…