Советот е најзначаен орган на општината. Само со активен совет, Охрид може да ја врати довербата на граѓаните и да се развива во модерна и функционална општина. Нашите приоритети произлегуваат од надлежностите на Советот, а тоа е да се обезбеди функционална општина, која ќе биде вистински сервис за граѓаните.

Ќе го „нападнеме“ Советот и градоначалникот со иницијативи, одлуки, барања од повеќе сфери. Ние ќе бидеме вашиот глас, затоа ветуваме дека ќе помогнеме на површина да „испливаат“ кадри кои имаат идеи, кои имаат желба да создаваат во нашата општина, а не да се потпираме на партиските кадри кои единствен успех им е да бидат вработени. Ќе направиме се што е во наша надлежност Општината да излези од сивилото, но и да се зацрта нов позитивен правец на развој.

Приоритети на Охрид се создавање услови за поволна бизнис клима, задржување на младите во родниот Охрид, урбанистичко средување на градот, еднакво вложување во инфраструктурата и во централното подрачје, но и на периферните делови од Охрид, средување на урбанистичкиот хаос…

Финанасиската конструкција за мноштво на проекти кои ги планираме ќе ја обезбедуваме од меѓународни донатори базирани на плановите и мерките кои ги има во статешките документи и тоа нема да го оптоварува основниот Буџет на општината. Сметаме дека Охрид има услови својот развој да го базира на финансиски инструменти на меѓународната донатирска заедница.

Граѓаните се на прво место. Имаме план, имаме одличен План Б, имаме знаење, проверена екипа чесни и еснаф луѓе и имаме огромна желба за поубав и попросперитетен Охрид…