Луѓето кои застанаа зад независната листа „Охрид има план Б“ живеат тука, меѓу вас секој ден… Ги знаете, ги гледате, ги гледате нивните дела…

Ние сме семејни луѓе, пред вас стоиме со крената глава, ветуваме дека приоритетите и потребите на Охриѓани се нашите приоритети и заложби.

Ние кандидатите за советници од „Охрид има план Б“ искрено говориме за нашите планови, затоа бараме поддршка и од граѓаните кои имаат свои бизниси, и од граѓаните кои работат во туризмот и од оние кои работат во земјоделието.

Нудиме борба за еднаквост, професионализам на услужните сектори во локалната самоуправа и отворање на можности за реализација на идеите и визиите на самите граѓани и сектори.

Ја бараме вашата поддршка, затоа што ветуваме дека ние ќе сме вашиот глас.

Охрид е од сите, знаеме како да го направиме поубав – „Охрид има План Б“.