Не сме оптоварени од партиските „синџири“. Изминативе 30 години, граѓаните точно увидоа што недостасува кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Поради овие недостатоци кои се провлекуваат години, на државно и локално ниво влеговме во критичен период и се соочуваме со партиска безидејност, поради која освен партиските војници секој друг граѓанин раскрстил со партиските понуди.

Ние сме сигурни дека одлуките ќе ги носиме брзо, но издржано и со поддршка на најголемите умови кои овој град ги има дадено, без оглед дали живеат во него или животот ги натерал да заминат надвор.

За нас граѓаните се на прво место и секогаш ќе бидат. Токму поради тоа ќе се обратиме до секој еден граѓанин кој бара еднаквост во односот, почитувањето на законите и реализација на своите бизнис идеи. И оние од центарот на Охрид, и тие во месната заедница „Железничка“, и оние во УЕ „Билјанини Извори“ и оние во Стариот град, убавите Воска, Влашка Маала, Видобишта… Тука растеме, тука живееме, јасни ни се и потребите на нашите соседи и од Косел, Лескоец, Велгошти, Рача, Пештани, Љубаништа…

Нашата програма, работа и приоритети ќе ја изведат Општината од сивилото и ќе зацртаат нов позитивен правец на развој на Општина Охрид.

„Охрид има план Б“, ние знаеме како да го направиме поубав и попросперитетен…