Државата, но и општините веќе 30 години имаат сериозно искуство на очајно управување од страна на политичките партии. Во овие 30 години единствено што можеа граѓаните да видат и почувствуваат е партиски интерес кој стави во длабока сенка сè она што требаше да биде интерес на заедницата, односно граѓаните.

Граѓаните бараат решенија а не партиски манипулации. Граѓаните бараат полесен пристап до услугите и почитување на законите. Граѓаните бараат да ги остварат своите интереси, а не да бидат заробеници на таканаречени партиски интереси.

Нашите политички противници велат дека сме ги креирале независните листи за личен профит. Но, ние се докажавме како бизнисмени. Ние ќе докажиме дека со домаќинско работење, со добар тим и конструктивни идеи можеме да направиме многу за Охрид и Охриѓани.

„Охрид има план Б“ е независна советничка листа, затоа што на овој тим никогаш не ни било јасно што се тоа партиски интереси. Ние подразбираме јавен интерес и интерес на граѓаните. Не е проблемот во тоа што ние сме независни, проблемот е во тоа што тие се зависни… Ова мора да се промени, во интерес на Охрид и Охриѓани. Прилично сме убедени дека новиот совет на општина Охрид, како прв орган на локалната самоуправа, ќе има во својот состав рекорден број на членови од независните листи и со тоа ќе добие на отвореност и квалитет, а следствено на тоа и поголема реализација на граѓанските потреби, наместо празни партиски ветувања и флоскули.

„Охрид има план Б“, ние знаеме како да го направиме поубав и попросперитетен…