Стратегијата за локален економски развој секоја општина треба да ја прилагоди според основата која ја има. Ние од „Охрид има план Б“ со носителот на листата Антонио Наумоски имаме повеќе планови и идеи за економски и просперитетен развој на Охрид, а со тоа и отворање на нови работни места поготово за младите од Охрид.

Развој на туризмот е најзначаен за Охрид, Охрид треба да биде рамо до рамо со сите светски метрополи, но при тоа да има понуда за сите гости и оние кои сакаат елитен одмор, но и оние кои сакаат нешто што немаат – рурален одмор од соништата. Секако најзначајно во овој развој е контрола и намалување на влијанието врз животната средина и културното наследство.

Охрид мора да има засебен Акциски план за развој на туризмот во Охрид. Но, Охрид не е само туризмот. За да се развива треба да овозможиме и развој на општинска економска зона или економска – агроиндустриска зона, и привлекување на домашни и странски инвестиции.

Следен наш чекор ќе биде да се создаде стандардизирана база на податоци за ЛЕР (регистaр на претпријатија: производство и услуги, можности за инвестирање, и сл), по што ќе има и Инфо центар на Охрид за мали и средни претпријатија, каде навремено ќе се споделуваат прецизни информации за претпријатијата за достапни финансиски програми и инструменти за поддршка, со фокус на жените и младите претприемачи.

Сметаме дека во Охрид треба да се воспостави и Економско социјалниот совет каде ќе учествуваат здруженијата на граѓани и приватниот сектор, универзитетите и други локални засегнати страни и воспоставување партнерства за одржлив ЛЕР.

Нова стратегија за ЛЕР со Акциски план е „Зелена агенда на Охрид – зелен економски развој“, што му е повеќе од неопходно на нашиот град.

Охрид има План Б

Заедно за поубав и попросперитетен Охрид