Да се развиваат и поддржуваат сите спортови. Фудбалот, ракометот и останатите спортови веќе се сериозна препознатливост на градот, но мора да се направат напори да се вложи повеќе и да се охрабри и бизнис секторот да инвестира во спортот…
Акцент да се стави на водните спортови, затоа што сепак Охрид е град на вода. Враќање на пливањето, ватерполото, маратонското пливање…
За ова е неопходно конечно отворање на затворениот базен, за што мора да се направи детален план и координација со централната власт.
На денешен ден најславната македонска пливачка, големата охриѓанка Атина Бојаџи во 1969 година, го започна подвигот и го преплива каналот Ла Манш.
За новите охридски спортски херои…
Да вложиме во иднината на нашите деца. За здрава младина, за спортот во Охрид…
Охрид има иднина, Охрид има План Б