„Охрид има план Б“ во својата програма има значајно место за образованието, социјалната заштита и заштитата на децата.

Децата треба да се поттикнуваат и да се издвојуваат посебни средства за талентираните ученици од основно и средно образование, но и за оние од социјално ранливите семејства. Секое дете има право на образование. Токму поради тоа, не смее да има јавни објекти со физички бариери за лица со попреченост. Особено училиштата треба да се опремени со соодветни наставни помагала, а општината дали од буџетот или преку проекти да обезбеди образовни асистенти за овие деца. Потребен е и минимум обучен наставен кадар за работа со нив.

Редовно ќе се одржуваат постоечките, но и ќе се направат нови детски игралишта на ниво на целата општина Охрид. Со тоа обезбедуваме услови за безгрижна и безбедна детска игра.

Во администрацијата мора да има засебна единица посветена само на образованието.

Општина Охрид треба да има работен тим за решавање на социјални проблеми поврзани со стапката на криминал, а особено превентивни мерки за спречување на малолетничка деликвенција. Охрид мора да има или советувалиште и/или дневен центар за жртви на родово засновано, семејно и друг вид насилство.